Македонија во „црвена зона“ според ризикот за земјотреси

Земјиното тло никогаш не мирува, но поголемиот дел од потресите се премали за да може да ги почувствуваме и да бидат сеизмички забележани.

Од друга страна, поголемите потреси се вознемирувачки и застрашувачки, а кога има повеќе земјотреси во краток период, неизбежна е и паниката. На територија на Македонија низ историјата имало повеќе големи земјотреси, а постојат записи од 1904 во Пехчево и пехчевско. 

Еден од најстрашните е и тој во Скопје од 1963, кога градот практично бил срушен. Се сеќаваме и на потресите во Валандово и валандовско во 2009 година, кога голем дел граѓани спиеја надвор, за во случај на поголем интензитет на тресењето. Секако, поголем дел од нас ги паметиме и серијата земјотреси од септември 2016. 

Според мапата на ФМ Глобал, составена со помош на онлајн алатка која ги поврзува сеизмичките податоци за целиот свет, Македонија е забележана како „црвена зона“, односно трусно подрачје со зголемен ризик за земјотреси, односно на секои 100 години има шанса за катастрофален земјотрес. 

Крајбрежните делови на Грција, Турција и Албанија се во виолетова зона, односно зголемен ризик за катастрофален земјотрес еднаш во 50 години.