Барајте ги своите луѓе...

Барајте страшни, силни и среќни луѓе.
Тие се како ѕвездите: додека не ја кренете главата – нема да ги видите.
А кога ќе нурнете со очите во тоа соѕвездие, ќе сфатите дека ги има бескрајно многу.
Барајте ги своите луѓе. И на нив им е страшно и болно. И тие исто така имаат црни денови, грешки и падови.
Но, тие се подготвени да одат низ стравот, да влијаат на текот на настаните, тие да бидат оние кои ќе го диктираат темпото на животот.
Во нешто се подобри од вас, во нешто се полоши.
Тие не завидуваат и не се жалат. Тие со благонаклонетост ги прифаќаат подароците од судбината и се сакаат себеси поради тоа, се сакаат поради тоа што среќата им се насмевнува.
Барајте искрени и чесни луѓе. Кои не ја кријат злобата зад лицемерие и потсмевање.
Тие го кажуваат она што го мислат. Понекогаш е и непријатно и понекогаш допира право во срце. Но, секогаш е искрено. И не е од злоба, туку од љубов.
Барајте ги оние кои не ја кријат и не ја поттиснуваат својата радост.
Барајте ги оние кои можете вечно да ги сакате.
Барајте ги оние кои вредат и ја чекаат вашата љубов.
Барајте ги оние кои се полни со живот.
Барајте ги оние со насмеани лица и брчки околу очите.
Барајте ги во парковите и на сцените, тажни и смешни, мали и големи.
Тие се по малку како деца, одат низ животот верувајќи во доброто, но секако ги гледаат работите околу себе: и црното и белото, но живеат и со други бои: жолто, црвено, сино...

Барајте ги.
Треба само да ја кренете главата.

Ј. Туровски