Во петок на 13 мај во рамките на 44 МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“.
Тоа е ремек дело на балетската класика.
„Лебедово езеро“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека главните улоги ќе ги толкуваат: Како, Одета/Одилија ќе настапи Шиори Kасе (Јапонија), улогата на Принцот Зигфрид ќе ја толкува Јона Акоста (Куба), двајцата членови на Лондонскиот Кралски балет. Улогата на Ротбарт, му е доверена на гостинот од Бугарија, Дојчин Дочев.
Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Бисера Чадловска. Настапува комплетниот балетски ансамбл на МОБ.
Билети на Билетарница на МОБ, контакт тел: 02 3118-451