На самата раскрсница помеѓу булеварите „ВМРО“ и „Партизански одреди“ има кратер со длабочина од 20 сантиметри кој е опасност и може да биде фатален за возачите и мотоциклистите. Вакво предупредување деновиве беше објавено во групата „Ѕид на сообраќајниот срам“.
Граѓаните во коментари реагираат дека булеварите се полни со дупки, а кога се обиделе проблемот да го пријават во полицијата им било сугерирано решение да бараат на утринските емисии. Тие апелираат на внимателно и одговорно возење, за да избегнат штети на возилата или пак поголеми незгоди во кои би биле загрозени здравјето и животот.
Според информациите објавени во коментарите под фејсбук постот, штетата настаната како резултат на дупките по сообраќајниците тешко се докажува пред осигурителните компании, а граѓаните најчесто се решаваат постапката да ја водат пред надлежните судски институции.