Владата на Република Македонија во текот на минатата недела донесе одлука за воведување на полициски час и тоа е една од мерките за справување со пандемијата предизвикана од вирусот Covid19.
Во овој период, но и во изминатите две седмици Скопје е град во кој царува тишината и место во кое џагорот е заменет со молк.
Овие две видеа совршено го долуваат полицискиот час во метрополата, првото видео е направено од Бубе Домазетов:
Второто е направено од човекот кој секојдневно на инстаграм објавува фотографии и видеа од Скопје направени со дрон. Вистинско време и вистинска тема, браво за Тео Ангеловски: