Филипче: Бројката на заразени пациенти е во пораст, но граѓаните мора да бидат присебни

Бројката на пациенти кои се заразени со корона вирусот е во постојан пораст, но добро е што ти се детектираат и откриваат во раната фаза од болеста. Ова на денешната прес конференција го нагласи Министерот за здравство.

Тој посочи дека здравствените работници се клучни во оваа фаза, но тие не треба да сами да го менаџираат проблем. Граѓаните мора да се свесни, да избегнуваат контакти и да соработуваат, нагласи Филипче.