Дефект во системот на електродистрибутивната мрежа вчера и денеска ги остави скопјани без струја. Без електрична енергија останаа делови од Карпош, Козле и Тафталиџе.
Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот.
Без струја поради дефектот на трафостаницата во Козле вчера остана и Клиниката за гинекологија и акушерство.