Откако во април граѓани реагираа дека се исекоа дрвјата, сега забележаа како покрај улицата „23 Октомври“ во општина Аеродром работници поставија тараби, а теренот се спрема за нова градба. Ова се случува во населбата Острово до основното училиште „Браќа Миладиновци“, кај стара „Славија“. Напомош за градежните активности пристигнаа камион и багер, а поставена е и градежна таблa, jaвува Радиомоф.
Ако се погледне Катастарот, делот од 3.3 со стара „Славија“ се води како парцела број 242/2. Имотниот лист е на Друштво за производстсво, трговија и услуги САФ Комерц Увоз-Извоз Скопје. Тоа го потврдува и градежната табла, каде „САФ Комерц“ е впишан како инвеститор, „Мујо Бајрами“ е изведувач, а проектант – „ГМС-Проект“. Одобрението за градба од Општина Аеродром е издадено минатиот месец.
Инаку, во овој дел долги години имаше чешмичка, патче, зеленило и дрвја.