Од креаторите на германската детска авантура “Помош, ја смалив учителката„ во македонските кина доаѓа продолжението на оваа детска комедија под наслов “Помош, ги смалив родителите„, каде што овој пат мајката и таткото се оние што ќе бидат смалени во џебна големина.
Училиштето на Феликс повторно е опседнато, само овој пат тоа не е добронамерниот дух на основачот на училиштето Ото Леонард и непријатността што ја предизвика туку омразената и почината директорка Хулда Стингберд.
Феликс, Ела и нивната банда мораат да го спасат училиштето и повторно да ги вратат учителката Шмит-Гесененвејн и родителитена Феликс во нивната оригинална големина.
Режијата овој пат ја потпишува Тим Трагесер. Филмот е од 2018 година и трае 93 минути.