Скопскиот кеј на реката Вардар кој го користат илјадници скопјани за спорт и рекреација е во катастрофална состојба.
Ѓубре насекаде, руинирана урбана опрема, прегорени светилки и апсолутна негрижа, го комплетираат хаосот кој владее тука.
Со затоплувањето на времето се зголемува бројот на рекреативци и на професионални спортисти кои спортуваат тука.