Поради загадениот воздух во Скопје, Владата, како и Град Скопје во неделата усвоија итни мерки. Меѓу нив е и покачување на цената на паркингот. Цената на паркингот за 100 проценти се зголеми и на паркингот во рамки на кампусот Клиники Мајка Тереза.
Граѓаните револтирано реагираа „па ние не сме овде со автомобил од ќеиф, туку од мака“.
-Мајка ми тешко се движи, а прима хемотерапија. Како тоа и овде паркингот поскапен и тоа толку, прашува револтиран граѓанин.
-Син ми е со скршена нога, мораме да дојдеме со автомобил, не можеме со автобус да се возиме. Некој користи од ова за да ја полни касата.
-Ние да сме здрави не би доаѓале тука. Тука никој не е од кеф, туку од зор.