Снежна покривка во Македонија: На Попова Шапка утрово наврнаа 8 сантиметри снег

На Попова Шапка изутринава наврнаа 8 сантиметри снег. Снежна покривка има и во Маврово ( 3 сантиметри) и во Пожаране.

Минимални температури се измерени во Тетово, Пожаране, Крушево и Маврово. Времето изутринава е облачно со слаб до умерен ветер. Во Тетово и Струмица има појава на магла, а во Гевгелија врнежи од дожд.