Во 22.25 часот вработен во Градска општа болница "Св. Наум Охридски", телефонски пријавил дека бил донесен А.М. кој од страна на непознато лице бил повреден.
Во извршен разговор 47-годишниот А.М. од Скопје пријавил дека околу 19.15 часот на булевар "АВНОЈ" додека управувал такси возило и во него се превезувале три лица со употреба на физичка сила му одзеле 920 денари и го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.