ФОТО: Снег ја прекри Попова Шапка

На Фејсбук утринава се појавија фотографии од првиот снег месецов на Попова Шапка.

-Дали зимата ќе ни започне порано од очекуваното, стои во опис на фотографиите на кои се гледа дека планината почнува да белее.

Од УХМР најавуваат дека денес во доцните попладневни часови може да се очекува дожд на пониските места и снег на планините.