Осумдесет годишна жена со скршеници на телото изминатите денови била хоспитализирана во скопската Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“.
Според информациите на Скопје Инфо бабата била донесена со повреди и скршеници кои биле предизвикани од движење во алкохолозирана состојба.
Од болницата коментираат дека вистинска реткост е пациент во таа возраст да биде хоспитализиран поради повреди настанати од конзумирање алкохол.
По првичните испитувања таа била задржана на понатамошно лекување. Случајот бил пријавен во Министерството за внатрешни работи.