Протест во Скопје против законот за јазиците

Во повикот ова здружение на граѓани вели дека законот за двојазичноста ќе има долготрајни и несогледливи последици врз нашата татковина, дека двојазичноста е губење на македонскиот карактер на државата, уривање на асномските темели и де факто губење и на самата држава. „Со двојазичноста де факто стануваме трета албанска држава на Балканот. Македонија по секоја цена треба и мора да остане дом на македонскиот народ. Двојазичноста треба, мора и ќе ја спречиме по секоја цена. Нема да дозволиме да се изгуби македонскиот карактер на државата... Тој закон претставува продолжение на окупацијата од Втората светска војна, како и продолжение на проектот на Адолф Хитлер за создавање на голема албанска држава, се вели во повикот.