Паркингот на територијата на Општина Центар може да поскапи за 50 проценти.
Ова го најави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ кој на денешниот брифинг со новинарите посочи дека ова е една од краткорочните мерки што се предвидуваат за да се намали загадениот воздух во градот. Мерката ќе трае шест месеци, а ќе се однесува само на паркирањето на час.
-Поскаопувањето на паркингот е една од краткорочните мерки, а друга е што ќе ја предложам и до Град Скопје е привремено да се стопираат сите градби во центар кога воздухот е загаден. Од долгорочните мерки е греењето на парно да биде достапно до сите граѓани на Центар. Веќе сме во преговори со БЕГ за изградба на инфраструктура за приклучување и на граѓаните што во моментов се греат на дрва, истакна Богдановиќ.