ФОТО: (Не) забрането пушење во клиничи центар

На комплексот клиники ‘‘Мајка Тереза‘‘, поточно во хируршкиот центар пушењето не е забрането. Преку фотографиите кој ни ги испрати читател и неговото сведочење на самите скали во клиниката нема никаков проблем да се запали цигара.

-Тоа го прават сите, пациенти, посетители и медицински персонал. Дури имаат ставено и шишиња со вода каде може да ги гасат цигарите. Страшното е тоа што самите луѓе дури одпушоците ги фрлаат на подот без да ги изгасат и така оставени горат.- изјави анонимниот испраќач.