Вистиснко лето ја зафати Македонија деновиве, со високи температури.
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб, претежно северен ветер. Попладне на планините некаде ќе има умерено наоблачување.
Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 27 до 34 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.
Надлежните апелираат да се заштитите колку можете. Да не излегувате надвор ако немате потреба од 10 до 17 часот, а доколу морате, тогаш носете лесна и светла облека. Заштитете ја главата. Внесувајте повеќе течност во организмот и јадете свежа, здрава и лесна храна.
Се препорачува построг третман за возрасните и за болните лица, за бремените жени и за децата.