Зошто никогаш не треба да зависите од другите?

Факт е дека тажна е реалноста на нашиот свет. Ние сме целосно сами во овој свет и секој кој ќе ви каже поинаку или ве лаже или комплетно несвесен за да разбере што навистина збори. Вие самите сте единствена личност на која можете и треба да се потпирате. Може да си зборите и да си кажувате дека имате пријатели кои се тука за да ве поддржат и дека имате семејство кое ќе ви помогне кога ви треба помош.

Ова можеби е точно, но тоа не го менува фактот дека на крајот на денот – вие сте сами. Како што вели старата изрека: Сам доаѓаш на овој свет, сам и умираш.

Колку побргу ја прифатите ова реалност, толку побргу ќе почнете да се потпирате самите на себе за се што ви е потребно во животот. Пријателите се многу важен дел од нашиот живот. Ако ми кажете дека пријателите ќе бидат тука за вас кога ќе им се јавите, ќе ви верувам. Ако ми кажете дека пријателите ќе бидат тука за вас 100% од времето и би жртвувале се за вас, ќе мора да ве прашам дали сте сериозни.

Порано или подоцна ќе дојде време кога пријателите ќе ве разочараат. Без оглед на тоа колку ви се верни, тие сепак ќе ве разочараат барем еднаш. Ова е човекова природа, сите правиме грешки и лоши одлуки одвреме-навреме.

Дури и ако пријателите секогаш се тука за вас, треба да имате предвид дека тие имаат свои животи. Можеби во моментот ви се најблиски. Но, во одреден период, некој ќе стапи во брак, ќе основа семејство и ќе се оддалечи. Дури и да останете во контакт, нема да им бидете толку важни како што им е важно нивното семејство, а тоа е сосема нормално и така и треба да биде.

Причината поради која човек не може да се потпре на другите е поради тоа што сме себични суштества. Ние сме центар на нашите светови. Се што знаеме и искусуваме го вклучува нашето постоење. Нашите умови се фокусирани на нас и секогаш не ставаат самите нас пред останатите. Ова не значи дека не можеме да ставиме друг на прво место, но за тоа е потребно труд и многу волја.

Ако личноста ни е важна, ќе ги ставиме нивните потреби пред нашите, но ако не ни е особено важна, тогаш ќе се фокусираме на она што нам ни е потребно.

Ние сме изградени за да преживееме самите, а сепак, не можеме да останеме здрави доколку комплетно се изолираме – нам и ни се потребни и не ни се потребни другите луѓе. Како и да е, човек мора да научи да се потпира на себеси, а не на пријателите и семејството. Ќе дојде време кога тие ќе ве разочараат и нема да бидат тука за поддршка.

Кога ќе научите самите да стоите на нозе, тоа ќе ви олесни да стоите сами кога работите ќе бидат лоши, а нема да има никој за да ви помогне. Ова не значи дека не треба да побараме помош, напротив – треба да бараме помош секогаш кога е возможно. Но, мора да бидеме подготвени да го преземеме товарот на наш грб, доколку тоа е единствениот избор.