Денеска и утре во СЦ Јане Сандански ќе се одржи фајнал-фор турнирот во женската ракометна регионална лига.
Македонскиот шампион ЖРК Вардар ќе ја има улогата на фаворит, а овој турнир ќе биде одлична можност за подготовки за завршницата во Лигата на шампионките во Будимпешта
Покрај црвено-црните на Ф4 турнирот во регионалната лига ќе играат уште и Будуќност, Крим и Подравка.
Распоред на натпревари
Вторник, 25 април
15,30 ч. Вардар - Подравка
18 ч. Будуќност - Крим Меркатор
Среда, 26 април
15,30 ч. Меч за 3 место
18 ч. Финале