Покана за ликовен конкурс на тема „Ја сакам Европа“

Утре, во ТЦ „Капитол мол“ со почеток од 10:00 часот ќе се одржи ликовен хепенинг на кој децата од детските градинки и учениците од основните училишта ќе цртаат на тема: „Ја сакам Европа“, во организација на Општина Аеродром, Европското движење во Република Македонија и Европската делегација во Република Македонија по повод прославата на 9-ти Мај, Денот на Европа.

На крајот од настанот во 12:00 часот наградите ќе ги доделуваат шефот на Мисијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски и претседателката на Европското движење во Република Македонија, Милева Ѓуровска.

Целта на оваа манифестација е не само да се развие детската уметничка креативност и инвентивност, туку и младата популација од Општина Аеродром да се приближи кон европските вредности.

Време:

10:00 – 11:30 цртање (вклучени се најдобрите ученици од 8-те основни училишта во Општина Аеродром и двете детски градинки)

11:30 – 12:00 изведба на музички точки и кореографија (од основните училишта во Општина Аеродром и детските градинки)

12:00 – 12:15 доделување награди (три први места во трите категории)

12:15 скромен коктел