Во рамки на Струшките вечери на поезијата (СВП) денеска на Матка ќе се одржи традиционалното Поетско матине, а организиран ќе биде и Поетски митинг на плоштадот „Македонија“ во близина на Камениот мост.
Синоќа во Струга, на меѓународниот поетски митинг „Мостови“, на канадската поетеса, романсиерка, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд и беше врачен „Златниот венец“ со што заврши официјалниот дел на СВП.
Доделени беа и наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ на Иван Џепароски и на поетесата Руна Светликова од Белгија.
На годинашните јубилејни 55. СВП во Струга присуствуваа 32 поета од 30 земји.