Кабинетот на скопската градоначалничка попладнево информираше дека Драган Илиевски е нов В.Д Директор на ЗОО Скопје.
Илиевски има повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор.
Дипломиран машински инженер е на Машинскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а има завршено магистерски студии по Економија.
Илиевски доаѓа на позицијата по разрешувањето на претходниот В.Д Директор Кристијан Стаменов