Нема одговорност за модуларната, ама уште чуреше кога Ламбе беше приведен

Не стивнуваат реакциите на јавноста откако за краток временски период се најде осомничениот за запалената врата на бугарскиот културен центар во Битола, додека нема одговорност за низа други инциденти кои се случија во земјава, а за жал, имаа и човечки жртви.

И голем број јавни личности го искажуваат својот револт од селективната правда и одговорност. 

-Девет месеци рамно откако 14 души живи изгореа заради ваши криминали и пропусти, НИТУ ЕДЕН ПРИТВОРЕН, за фашистиве провокатори за влезна врата запалена одма притвор у рок од три дена, бандо криминална! Не забораваме! – гласи ставот на д-р Ненад Лазаров кој секогаш е гласноговорник за правдата во нашето општество.

Инфлуенсерката и водителка Миа Костова, пак, сеќавајќи се случајот кога беше запален нејзиниот автомобил, исто така е револтирана.

-Ова е мојата кола, запалена пред зграда 2017 (ако не се лажам) на ист начин како и палењето на бугарскиот клуб во Битола. Увидна имаше и камери и дечко со капуљача кој замислете 5 години подоцна не се пронајде. Или, никој не мрдна со прст ниту некој некогаш после записникот ми се јави да ми даде било каква инфомација или да ме праша било што во врска со случајот. Да се потсетиме на Тетовската болница за која е осомничен кабел. За фабриките на чии места ќе се кренат згради и се самопалат од мака или од жешко време, за сега. Е ама, бугарскиот центар си доби осомничен, па реално, уште чуреше кога Ламбе беше приведен, пишува таа на социјалните мрежи.