Познатата актерка Весна Петрушевска, на својот фејсбук профил, утрово сподели видео во кое се пожали на високите сметки за струја.
-ЕВН онлајн како сте? Цо паите? Ние арни и во благо растројство. Убаи сметките! - порача Весна Бејбе која со јавноста сподели дека нејзините сметки се во висина од 14 и 18.000 денари.
-Знаете кога ќе им ги вадам сметките од вода, кога ја ќе се фрлам во Вардар, па они нека ме вадат. Стварно се ненормални!, вели таа во видеото.