Никогаш не чекајте.
Или ќе биде или нема да биде.
Ова важи за љубов, пријателство, помош, продажба, состанок.
Работите или се случуваат или се сонува за нив.
Сонувањето е супер, но само ги одложува работите.
Сѐ она за кое сонувате – не постои.
Но, кога ќе тргнете да го остварите својот сон, станувате поконкретни, преземате конкретни чекори, зборувате со јазикот на делата, поставувате прашања.
Ако не добивате одговори на прашањата – бегајте.
Нејасноста ве држи заробени.
Чекањето, кога нешто чекате, е своевидна манипулација.
Оној кој помага – помага веднаш. Оној кој поправа – поправа веднаш и сѐ се одвива брзо и ефективно.
Не ги замислувајте другите луѓе, гледајте што прават, затоа што тоа е поблиску до вистината.
Ако тропате на врата која не се отвора, продолжете да тропате, но на друга врата.