Невообичаено, но вистинито - македонско семејство живее со волци како домашни животни

Можеби ви изгледа невообичаено, но е вистинито. Некои луѓе имаат невообичаени миленици. Таков пример е и ова семејство кое живее со волци и со нив го поминува секојдневието. 

Станува збор за семејството Исмаили кои потекнуваат од селото Лешок под Шар Планина, а таму живеат со генерации. Семејството од пред две години е збогатено со уште три нови членови, три волци Алек, Лупо и Луна. 

Овие волци се домашни миленици на семејството Исмаили. Тие ги вдомиле волците уште кога биле мале. Денеска не претставуваат опасни животни туку се питоми, разиграни миленици и не повредуваат никого. 

Причината за доброто однесување и пријатниот однос на волците кон луѓето лежи во големата љубов која ја добиваат од семејството. Тие не дозволуваат никој да помине преку нивниот двор без одобрение на некој член од семејството. Кога ќе развијат познатство, волците се добронамерни и мирни со гостите. 

Инаку станува збор за волци од расата чехословачко волк – куче кое се добива со спарување на женка волк и мажјак волчјак. Се претпоставува дека од тука потекнува нивниот мирен и добар карактер.