Нема полициски час, граѓаните ќе мора да носат заштитни маски

Нема да се воведе повторно полициски час и граѓаните ќе мора да користат заштитни маски кога се движат на отворен простор. Неофицијално ваква одлука донела владата на денешната седница. Извори за Скопје Инфо брифираат дека во текот на денот се водела жестока дискусија околу оваа одлука. 

Во текот на вчерашниот ден во јавноста беше објавено дека Комисијата за заразни болести до владата препорачала полицискиот час да трае од 22 до 05 часот, но денешните информации говорат дека Владата оваа препорака ја одбила.