Неколку скопски населби денес ќе останат без електрична енергија

Регионалниот центар за управување со кризи информира дека поради интервенции во мрежата неколку скопску населби денес ќе останат без електрична енергија. 

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа,  денес без електрична енергија ќе останат следните корисници: 

од 07:30 до 15:30 часот, корисниците од ул. 7 - ма Албанска Бригада, ул. Фан Ноли, мал дел од ул. Чаирска  и дел од ул. Бајрам Шабани. (Oпштина Чаир)

од 08:00 до 15:30 часот, дел од корисниците од с. Добри Дол. (Oпштина Сопиште)

од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од ул. 553 бр. 6. (Oпштина Кисела Вода)

од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од делови  од улиците: Христо Татарчев, Никола Карев и Борис Трајковски. (Oпштина Кисела Вода)

од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од Ул. Ѓоре Ѓоревски  бр. 127, 129 и 131. (Oпштина Бутел)

од  09:00 до 14:00 часот, корисниците од детската градинка Орце Николов на ул. Вич бр. 14. (Oпштина Карпош)