Некој упорно го уништува и нагрдува зеленилото во Скопје

Од ЈП Паркови и зеленило повторно алармираа на некултурно однесување на поединци кои очигледно го загадуваат и уништуваат Скопје.

-Додека ние сесрдно се трудиме Скопје да има убаво и чисто зеленило, некој упорно го уништува и нагрдува. Средишното зеленило на Булевар Христијан Тодоровски Карпош спроти поранешно кино Бутел, споделија од претпријатието.