Неделен распоред на културни настани

ПОНЕДЕЛНИК

[20.00] Интернационална изложба Близина и Далечина / Скопје-Дрезден// МКЦ

„Близина и Далечина”

Втор ден од интернационалната изложба Близина и Далечина. Изложбата ќе трае до 16.09.2016 година. Дваесет млади уметници ќе се сретнат со цел да ја покажат својата работа во галеријата на МКЦ во Скопје, Македонија. Половината од нив доаѓаат од Дрезден, Германија и во својот багаж ги носат своите дела кои ќе ги изложат заедно со делата на студентите од Факултетот за ликовни уметности- Скопје.

СРЕДА

[20.00] Буре БАрут// Драмски Театар Скопје

Дејан Дуковски
„БУРЕ БАРУТ“

Режија: Сашо Миленковски
Музика: Венко Серафимов
Вокална интерпретација: Сузана Спасовска
Дизајн: Владимир Симоновски
Кореографија: Валентин Апостоловски

Анѓеле – Лазе Манасковски
Димитрија – Иван Петрушевски
Свето – Гоце Тодоровски
Благоја – Ѓокица Лукаревски
Аце – Благица Димитровска
Симон – Јовица Михајловски
Ана – Александра Павлова
Андреа – Игор Стојчевски
Жената – Виолета Шапковска
Човекот – Ѓокица Лукаревски
Светле – Емилија Мицевска
Шоферот – Симон Манасковски
Ѓорѓи – Сашо Тасевски
Гела – Благој Чоревски
Ѓоре – Симон Манасковски
Борис – Александар Степанулески
Топук – Рубенс Муратовски
Полицаецот – Симон Манасковски
Кирил – Димитрија  Д0ксевски
Мане – Филип Трајковиќ
Џими – Симон Манасковски
Евдокија – Јана Стојановска
Коста – Симон Манасковски

Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Даница Илиева
Тон мајстори: Димитар Илиоски, Чедомир Младеновски
Светло мајстор: Дејан Блажевски

 

[20.30] Антигона – театарска претстава // Public Room

„Во еден дом, во едно кралство, еден вујко и една внука, еден крал и еден граѓанин, дебатираат за тоа дали е полесно да се каже ДА или НЕ„

„Антигона“ е алтернативна поставка на драмскиот текст на францускиот писател Жан Анулих, кој пак текстот го адаптира на истоимената Софоклеова античка трагедија. Целото дејство е концентрирано на конфликтот помеѓу Антигона и Креон, една внука и еден вујко, поточно еден граѓанин и еден крал.

Претставата трае 60 минути.

Играат:
Антигона – Слаѓана Вујошевиќ
Креон – Никола Настоски
Режија – Слаѓана Вујошевиќ

Средствата собрани од билетите се донираат за настраданите од поплавите.
Цена на билет: 80 денари
Капацитет: 40 седишта

Резервации на: 02 6092 650

ПЕТОК

[20.00] Чолак // Драмски Театар Скопје

Режија и адаптација: Синиша Евтимов

Сценографија и костимографија: Илина Ангеловска

Кара – Сашо Тасевски
Мартин – Рубенс Муратовски
Тони – Филип Трајковиќ
Мики – Игор Стојчевски

Инспициент: Гоце Бојчев
Суфлер: Жаклина Цветковска
Светло: Митко Ризов
Тон: Чедомир Младеновски
Сликар – изведувач / бутафорист: Ѓорѓи Ѓорѓиевски