Не им замерувате на другите, затоа што никогаш не знаете што им се врти на луѓето во главата и какви борби водат во себе. Ниту пак знаете какво било нивното минато. Дали било полно со страдање или среќа.
Не им замеруватеј, затоа што не знаете каков е нивниот пат. Можеби тој пат е во целосна спротивност со вашиот пат. И додека вие живеете во светлина, тие можеби бираат темнина. Сепак, тој пат е само нивен. И можеби со лошиот избор при избирање на својот ќе мотивираат некој друг да го промени својот.
Можеби од таа руина ќе никнат 1000 бели рози. А тие сѐ уште ќе стојат таму, исти, такви какви што се. Но, и натаму не им замерувајте. Бидете благодарни на вашиот пат и каков и да е, вие препуштете се и живејте ја својата вистина.
Ве молам, не замерувајте никому...
Сфатете дека не мора работите секогаш да бидат онакви какви што вие сакате и дека можеби сѐ излегло поинаку затоа што сте требале да научите нешто од тоа. Тука имало многу страдање и болка и знам дека воопшто не било лесно.
Сепак, те молам, не замерувате никому.
Ниту на другите, ниту на себе.