Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне во западните и северните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи ( УХМР)
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени и ќе има слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, во утринските часови со слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 5 степени.
Во четврток и петок наместа ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува засилен јужен ветер што ќе придонесе температурите да бидат во значителен пораст.