Навивачката група „Комити“ вечерва ја блокираа улицата „Партизанска“ во Скопје.
Тие парадираат низ град во пресрет на натпреварот со Фенербахче за да се мобилизираат и да покажат единство.
„Ги информираме граѓаните на град Скопје дека вечерва низ улиците на Скопје ќе продефилира Механизирана Оклопна Комитска Бригада, и воедно ги повикуваме сите со механизирани оклопни возила да ни се придружат“ - повикаа на Фејсбук.