Не спиете добро? Причина е загадениот воздух

Скопјани се селат во Сопиште, Соње, Визбегово… во потрага по чист воздух и подобар сон

Текстот е препорачан од Комплекс Ветрило

Најновата студија на научниците од МЕСА во САД открива дека доколку имате проблеми со спиењето, лошо или недоволно спиете, проблемот може да е загадениот воздух.

Реултатите од истражувањето спроведено на 1.863 лица во 6 различни градови, покажале дека има 60% поголема веројатност луѓето што живеат во градови или населби каде нивото на загаденост на воздухот е многу високо да спијат полошо од оние кои живеат во места со чист воздух. Постојат сомневања и дека ситните пм2,5 честички од загадениот воздух може да навлезат преку крвотокот до центарот на мозокот задолжен за регулација на спиењето и да влијаат пореметувајќи ја неговата нормална работа.

Преку специјални часовници што ги носеле учесниците во студијата, истражувачите следеле колку пати во текот на ноќта се будат испитаниците и колку време остануваат будни, а потоа тие податоци ги споредувале со нивото на загаденост на воздухот со азот диоксид и пм2.5 честички. Откриле дека процентот на луѓе кои страдале од лош сон или не можеле да спијат се зголемувал како се зголемувало нивото на загаденост на воздухот во местото на живеење и долготрајноста на изложување на таков воздух.

Хроничниот недостаток на сон резултира со денови исполнети со лошо расположение, намалена ефективност и работоспособност како и слаба концентрација поради што се зголемува ризикот од сообраќајни несреќи. На долг рок лошото спиење освен што влијае на квалитетот на живот може да доведе до сериозни кардиоваскуларни заболувања и депресија.

Истражувањата само ја потврдуваат причината поради која луѓето во потрага по поквалитетен живот бегаат од градовите населувајќи ги приградските населби со помалку загадување. Во Лондон на пример, 4 од 10 семејства планираат исселување подалеку од загаденото урбано опкружување, иако тоа за нив ќе значи подолг пат до работа и училиште.

Светскиот тренд на исселување од загадените градови се пресликува и во Скопје, особено затоа што секоја зима загадувањето на воздухот е сѐ пострашно. Според податоците на Државниот завод за статистика, минатата година над 160 Скопјани решиле да заминат со своите семејства од загадените и бучни градски населби во потрага по помирен живот и почист воздух. Скопјани најмногу се селат во блиското Сопиште, Горно и Долно Соње, Злокуќани, Бардовци, Зелениково, Волково, Визбегово. Најмногу бегаат жителите на Аеродром, Центар и на Карпош.

Во Ново Лисиче секоја вечер неиздржливо смрди, просто не се дише - вели Валентина Х. Имаме две деца под 8 години и со сопругот веќе разгледуваме опции да се преселиме на почисто. Отпрвин се двоумевме бидејќи двајцата работиме во Аеродром, но решивме дека здравјето е поважно од тоа дали ќе се возам 15 мин подолго до работа. Не сакам моите деца да дишат ваков воздух.

Оние пак кои веќе ја донеле одлуката сметаат дека тоа преселувањето им било вистински чекор во секој поглед.

Сопругата ме убедуваше уште кога ни се роди второто дете да се преселиме во Сопиште -  вели Слободан Ј. - но бев скептичен најмногу заради работата. Две години ни требаа да ја донесеме одлуката, а пресудно беше тоа што поради загадувањето децата често добиваа бронхитис. Откако се преселивме можам да кажам дека не се разболеле, јас сум понаспан, поодморен, со повеќе енергија. Ете што ти значи чист воздух.

Дишење чист воздух по само 30мин ја поттикнува циркулацијата и прочистувањето на организмот. Замислете што тоа значи за вашето здравје ако целото време по работа и за викенд го минувате во својот дом на чист воздух. Можеби поради работата сте обврзани секојдневно да вдишувате издувни гасови по градскиот асфалт, но ако по завршувањето на работното време се вратите во својот дом на чист воздух, опкружен со зеленило и тишина веднаш му давате сигнал на телото да се опушти и да се регенерира.

Освен чистиот воздух, животот надвор од центарот на градскиот метеж носи и други придобивки. Температурите во лето се пониски за 3-5 степени, а нивото на бучава 10-20 децибели под дозволената граница што исто така придонесува за поздрав и поквалитетен живот.