Наредната недела два дена одмор

Националниот ден на Власите, 23 мај, вторник, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Министерството воедно, на припадниците на влашката заедница им го честита Националниот ден.

Во текот на неделата има и еден државен празници, кој согласно Законот за празници е неработен за сите сите граѓани на Република Македонија.

Нема да се работи во среда, 24 Мај, кога се обележува Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.