Нападнат Дурловски

Вчера во 12: 50 час во ПС, лицето Игор Дурловски пријави дека на 02.06.2020година околу 11.14.часот на ул.11-ти Октомври на семафорите правец према Центар додека бил престроен на средна лева лента со неговото возило марка Фиат 500 со рег бр.СК-7…АТ на лева лента било престроено возило ПМВ марка БМВ црна боја со бугарски ознаки ЦБ-0404-АМ при што возачот Ф.А. викан Сокол, во возилото го отворил прозорот и му се обратил со зборовите:

Ќе лежиш сто години затвор при што истиот продолжил право по што продолжил да вози паралелно со пријавиелот по што повторно со возилото застанал на семафорите на раскрсница ул.11-ти Октомври со ул.Филип Втори Македонски при што пријавителот го прашал да му повтори и истиот повторно му повторил дека треба да лежи сто години во затвор и почнал да го навредува со погрдни зборови и пцовки, при што откако се запалило зеленото светло на семафорот пријавителот тргнал со возилото и истите го одминале и возеле пред него каде на ул.Димитрие Чуповски со ул.Васил Главинов свртеле десно и повторно застанале на семафорите на расксрсницата бул,Партизански Одреди со бул.ВМРО, и откако се вклучило зелено светло истите пробале да го удрат со возилото на Дурловски, према бул.Илинден и на ул.Аминта Трети свртеле десно према градски стадион.

Пријавителот, велат од МВР, укажал дека бил цел на вербален напад, закани и загрозување на неговата лична сигурност и спречување на слободното движење.