Намален бројот на починати новороденчиња во Скопје

Намалена смртноста на новороденчиња на скопска гинекологија. Во првите 9 месеци лани имало 36 починати бебиња на 1000 живородени,  а истиот период годинава регистрирани се 24 смртни случаи. Од 24 процентот е намален на 15 отсто.

-50 отсто од починатите новороденчиња се екстремно мали, незрели со тежина под 1000 грама и под 28 гестациска недела. изјави д-р Елизабета Петковска, шеф на одделот за интензивна нега на ГАК.

- Многу ми е драго што за краток период имаме резултати. Знаеме дека овој здравствен систем може да го доближиме до европските стандарди, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Со помош од компанијата “Виолета” на Клиниката за гинекологија доминира виолетовата боја. Во рамки на проектот .”Создаваме Заедно” fирмата донираше нови креветчиња, постелнина, облека за бебиња и родилки, а бојадисани се и сите соби  каде престојуваат мајките и новороденчињата.

-Ние не застануваме тука, утре ќе донираме и во болницата воОхрид и во родилиштето во Струга, изјави Дијана Мариќ, претставник на компанијата

Вредноста на донацијата од компанијата “Виолета” на скопска гинекологија изнесува околу 25.000 евра.”Создаваме Заедно”