Најголемиот турски малопродажен ланец доаѓа на Балканот, помеѓу локациите е Скопје

Најголемиот турски малопродажен ланец за опремување на домот планира експанзија на Балканот. Првиот продажен објект ќе биде отворен во Белград, а до крајот на 2023 година планирано е отворање на продавница и во Скопје, дознава Скопје Инфо. 

Евдема, најголемиот турски малопродажен ланец планира ширење на балканот, прва локација на овие простори ќе биде Белград, а до крајот на 2023 година планиран е влез и на пазарот во Македонија со продажен објект во Скопје. Освен во Турција, ланецот е присутен и на пазарот во Франција каде има своја мрежа на продавници, но врши продажба и преку партнери ширум земјата. Компанијата со свое преставништво е присутна и на пазарот во Русија. 

Евдема е најголем ланец за опремување на домот во Турција. Компанијата е основана во 1972 година и нуди широк избор на производи, мебел и декорации преку својата мрежа на концепт продавници. Освен стандардната продажба компанијата има развиено електронска мрежа за продажба на преку 10.000 производи. 

Пред неколку месеци Скопје Инфо ексклузивно објави дека влез на пазарот во Македонија најавува и познатата компанија за спортска опрема Декатлон.