Општина Гази Баба и оваа година избираше најубаво новогодишно декорирани дворови, тераси, училишта, градинки и заедница на станари, со цел заеднички да допринесеме за посвечен изглед на нашата општина во пресрет на новогодишните и божиќните празници.
Комисија составена од администрацијата ги посети сите пријавени, од кои се избраа најубавите и најуспешни декорации, за кои општината обезбеди награди.
Наградите ги додели градоначалникот Борис Георгиевски, на:
*Најубаво украсена тераса – Младеновска Катерина од н. Ченто
*Најубаво украсен двор – Стојановски Драган од н.м. Виниче и Стојановски Марјан од н.м. Трубарево
*Најубаво украсено основно училиште – ООУ „Н.Н. Борче“ н. Триангла
*Најубаво украсен објект од градинката „Детска Радост“ е објектот „Мимоза“
Најубаво украсен објект од градинката „25 МАЈ“ е објектот „Сонце“
*Најубаво украсен простор пред зграда на заедница на станари, се жителите од улица „Пехчевска“ бр. 3 н. Хиподром