Нагла промена на времето: Внимавајте на мачнини, болки во коските, несоница и нервоза

Метеоролозите предупредуваат дека се наоѓаме пред нагла и ГОЛЕМА промена на времето.

Температурите на воздухот за многу кратко време ќе опаднат дури за повеќе од 10 степени а тоа многу лошо ќе влијае врз граѓаните особено врз метеопатите, па така кај истите ќе започне мачнина како и болки во коските и на местата од старите рани а исто така кај дел од метеопатите можна е и несоница како и повремена нервоза.

Сето ова може лошо да влијае и врз притисокот на човекот.

Во случај на здравствени проблеми поради временските услови ве советуваме да се јавите кај својот лекар за совет.

Се поблиску до нас е студениот моќен фронт од север кој е поврзан со циклонот СИЛВИЈА.