Надополнета новогодишната програма на Град Скопје, ќе пее еден од кандидатите кој се бореше за градоначалничката позиција

Музичката програма на Град Скопје за дочек на Новата 2022 година, надополнета со уште едно име. 

Изненадувачки или не, во програмата се вклучи и еден од кандидатите кој се бореше за градоначалничката позиција. 

Со новата програма, можеме да видиме дека заедно со музичите ѕвезди, ќе настапи и Бени со Нон Стоп. Бени, односно Арбен Шакири, беше кандидат за градоначалник на Град Скопје, но во вториот круг продолжија само Данела Арсовска и Петре Шилегов. 

Со тоа, програмата изгледа вака:

20:30-21:30 – Пука Козметика

21:30-22:30 – ДНК

22:30-23:30 – Бени и Нон Стоп

23:30-00:30 – Нокаут

00:30-01:00 – Наум Петрески и Зуица Лазова