Над 800 лица заболеле од грип за една недела, почина едно лице

Од Институтот за јавно здравје-Скопје информираат дека во текот на првата недела од годинава, во земјава се пријавени 821 случај на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, 2,4 пати повеќе во споредба со претходната недела.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со првата недела од минатата сезона е зголемен за 74,7%.

Во однос на возрасната дистрибуција, 360 лица се на возраст од 15-64 години, 234 кај деца на возраст од 5-14 години, 175 кај деца на возраст од 0-4 години и 52 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години.

Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Најмногу заболени имало во Битола – 174, Скопје – 105, Кавадарци – 94, Дебар – 76 и Гостивар – 65, а во останатите, бројот на пријавени е помал од 60.

Во текот на првата недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Се работи за лице на возраст од 65 години од Скопје кој бил хоспитализирани во Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети (кардиоваскуларно и белодробно) и не бил вакциниран со вакцина против сезонски грип.