Над 440.000 активни корисници на МојДДВ

МојДДВ речиси две години успешно се спроведува и дел од парите на граѓаните, со скенирање на фискални сметки, повторно се враќаат кај нив. 

„Повеќе од 440 илјади корисници редовно скенираат фискални сметки и учевствуваат во проектот на УЈП „МојДДВ“. До сега, според пресметките имаме вратено околу четири милијарди денари кај граѓаните и ќе продолжиме и во иднина“, изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

„Сакам да напоменам дека имаме законски рок од 60 дена по завршување на секое тромесечје да извршиме исплата на дел од ДДВ-то, кое граѓаните го имаат скенирано преку фискалните сметки“, дополни Лукаревска.