Над 30.000 луѓе на централниот митинг во Скопје на ВРЕДИ-коалицијата на албанските опозициски партии

Коалицијата „ВРЕДИ“ составена од неколку партии од опозицискиот албански блок вечерва со масовна поддршка на централниот митинг на плоштадот „Скендербег“ во Старата скопска Чаршија. 

Над 30.000 граѓани излегоа на вечерва да ги слушнат пораките на кандидатот за претседател од редовите на оваа коалиција, Арбен Таравари кој порача дека на овие избори победата на коалицијата ќе биде голема и дека обединетата албанска опозиција ќе ја донесе долгоочекуваната промена кај Албанците.

Инаку,  од колаицијата „ВРЕДИ“ (ВЛЕН) обвинија дека од Град Скопје не им било дозволено централниот митинг да го органзираат на плоштадот „Македонија“.