Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 218 возачи.
Од нив, три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Како што соопштија од МВР, 163 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 55 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.