На Скопско лето претставата „Забрането смеење“

Во рамките на Скопско лето денеска ќе се одигра театарската претстава „Забрането смеење“, со почеток во 20:00 часот во „Театар комедија“. Автор на претставата е Миро Гавран, а е во продукција на театарот „Антон Панов“ – Струмица.

Превод и адаптација: Горјан Милошевски
Дизајн на сцена: Маре Трајковска
Костими: Маре Трајковска, Ванчо Василев
Сценски движења и танци: Валентино Апостоловски
Музика: Виктор Апостоловски, Ставре Ангелаков

Играат:
Стојан Велков – Трн
Јасмина Вучкова
Анкица Бенинова

Превод и адаптација: Горјан Милошевски
Дизајн на сцена: Маре Трајковска
Костими: Маре Трајковска, Ванчо Василев
Сценски движења и танци: Валентино Апостоловски
Музика: Виктор Апостоловски, Ставре Ангелаков
(користени делови и од Nina Zilli, Jules Gaia, Gavin Luke)
Графички дизајн: Марјан Ѕингаров
Изложба:од колекцијата на „СТРУМИЧКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА“.
Дела на авторите: Марјан Ѕингаров, Ване Костуранов, Никола Пијаманов, Љупка Галаска-Василев

„ЗАБРАНЕТО СМЕЕЊЕ“ е претстава која раскажува навидум едноставна семејна приказна за 43-годишниот Борис, кој има богата сопруга и со неа е во брак 20 години. Во последните 5 години тој ја има и помладата љубовница Нина. Кога швалерката ќе реши да ја раскине врската со него, почнуваат проблемите.
Претставата говори за нас луѓето од денешницата. За тоа колку глумиме сите ние во животот и дека сето тоа стана одвратно. Ова е претстава која ги исмејува бесмислените, лажни и себични споделувања емоции. Зборува за хипокризијата во секојдневните човечки односи, за лажните компромиси што се прават во брачните односи, но и за сексуалните фрустрации кои произлегуваат од нив. И сето тоа на комичен начин. Така можеби ќе си ги воочиме грешките и ќе направиме од нас посреќни луѓе.

Потоа, ќе се одржи концерт на Пијано трио, составено од Шкељзен Бафтиари – пијано, Лида Алиу – виолина и Енис Аљи – виолончело, со почеток во 20:30 часот во Музеј на македонската борба.
Со почеток во 21:00 часот ќе се одржи проекција на филмот „Хотел Југославија“ (HOTEL JUGOSLAVIJA) (2017), Швајцарија, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.

Дистрибутер: Cutaway
историски документарец / траење: 78 минути
сценарио и режија: Николас Вањиер
награди: номинации за наградите за најдобар документарен филм во Солун и Тајван