На само неколку километри од градот: Чудесна моќ на манастирот свети Ѓорѓија во Кучково (видео)

Свети Ѓорѓи (позната и како: Свети Ѓорѓија Победоносец) — македонски православен христијански храм и главна манастирска црква на Кучковскиот манастир, во скопското село Кучково, Општина Ѓорче Петров. Мала црква од 14 век, а од неа голема енергија на мир и тишина.

Манастирот има конаци за преспивање, а од осветените чешми во дворот верниците се мијат за здравје и мир, болните веруваат во моќта и силата на големата енергија на прекрасната мала црква свети Ѓоргија. Мирот и природната убавина ве пречекуваат на само неколку километри од градот.