„На првачињата не им треба среќа, туку услови за образование“, вели новинарката Цветковска

Новинарката Сашка Цветковска на првиот училишен ден објави статус во кој посочи дека на првачињата не им е потребна среќа, туку образование.

Цветковска вели дека трагично е тоа што никој не дава отпор кон лицата кои треба, а не обезбедуваат учебници.

- На првачињата не им треба среќа, туку услови за образование. Потрагично од бесрамното поведение на оние кои треба да обезбедат минимална инфраструктура како учебници е тоа што никој за ништо не дава отпор. Не знам како си ги гледаме децата на Македонија во очи и дозволуваме иднината да им ја газат безрбетници. Што ќе им кажете утре: извинете, моравме да поќутиме, жешко беше за протести, нејќев да се замерам со некој чиновник од партија, бевме мрзливи кукавици, не ни сметаше? Што? Да, мрзливи себични кукавици би било најсоодветно, тоа е реалноста, објави Цветковска.